Од 5 јуни, 2008 година, започна втората фаза од изградбата на инфраструктурата на Ски центар Кожуф.
Во населбата е предвидено да се изградат повеќе објекти кои ќе опфатат по 12 апартмани, од кои секој апартман ќе биде со големина од 50м².
Во моментов се завршува со комуналните приклучоци, меѓу кои спаѓаат приклучок на водовод, канализација, електрична енергија како и телефонска линија.
Се очекува пред почетокот на зимската сезона да бидат завршени предвидените објекти за да можат веднаш да бидат стопанисувани.